среда, 23. септември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

„Исламска држава“ убила 700 затвореници во источна Сирија

„Исламска држава“ убила 700 затвореници во источна Сирија

Припадници на „Исламска држава“ во изминатите два месеци егзекутирале околу 700 затвореници во источна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Невладината организација со седиште во Велика Британија соопшти дека затворениците биле дел од околу 1.350 мирни жители и борци кои ИД ги уапсила на територија која се наоѓа во близина на границата со Ирак. Џихадистите контролираат се помала територија источно од реката Еуфрат, во близина на градот Хаџин во кој овој месец влегоа Сириските демократски сили поддржани од САД.

Самопрогласениот „халифат“ на „Исламска држава“ се распадна по офанзиви во Ирак и Сирија, но негови борци се уште дејствуваат во пустинските гранични региони меѓу двете земји и организираат напади.

Коронавирус