недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Исклучително опасен ураган Виља му се доближува на Мексико

Исклучително опасен ураган Виља му се доближува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља брзо прерасна во „исклучително опасна“ бура од речиси петта категорија во областа на источниот Пацифик која во наредните денови ќе донесе обилни врнежи на западниот брег на Мексико, на подрачјето меѓу Мазатлан и Пуерто Ваљарте.

Американскиот Национален центар за урагани утрово соопшти дека Виља од утре би можел да донесе „бури опасни по живот, ветрови и дождови во делови од југозападно и западно-централно Мексико“.

Виља денеска го следат ветрови кои дуваат со брзина од 249 километри на час.

Ураганот за сега се наоѓа на 340 километри од југозападниот брег на Мексико.