вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Исчезна директор на позната компанија, пронајден само неговиот брод

Исчезна директор на позната компанија, пронајден само неговиот брод

Полицијата трага по директорот на компанијата „Квиксилвер“, Пјер Агнес кој исчезнал откако заминал на рибарење.

Неговиот брод бил исфрлен покрај брегот на јужниот дел на Франција.

Агнес за исчезнат бил пријавен вчера откако неговиот брод бил пронајден на плажа во близина на градот Капбретон.

Тој беше директор на европската канцеларија на „Квиксилвер“ до 2015 година, од кога беше унапреден во директор на целата компанија.

Од компанијата соопштија дека се изненадени и загрижени од веста за исчезнувањето на Агнес и дека се подготвени да помогнат на потрагата.