петок, 4. декември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Ирваси и овци се кријат во тунели поради високите температури, издадено предупредување за возачите во Норвешка

Ирваси и овци се кријат во тунели поради високите температури, издадено предупредување за возачите во Норвешка

Властите во Норвешка ги предупредиле денес возачите да внимаваат на ирваси и овци кои засолниште од високите температури наоѓаат во тунелите.

Норвешката Агенција за јавни патишта соопштила дека минатиот месец дошло до судир меѓу мотоциклист и ирвас, додека медиумите јавуваат дека од 10 јули имало 44 вакви судири, најголем дел фатални за животните.

Несреќите најчесто се случувале на арктичкиот дел на Норвешка каде во последните недели се забележани високи температури, пренесува АП.

Во Норвешка има околу 220.000 ирваси и над 800.000 овци.

 

Коронавирус