сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ирска го укинува карантинот по шест недели

Ирска го укинува карантинот по шест недели

Ирска го укина вториот по ред карантин, по што музеите, кино салите, фризерските салони и спортските сали повторно се отвораат по шест недели строги мерки, кои беа воведени поради пандемијата на коронавирус.

Ирска на 22 октомври беше првата европска земја која воведе ограничувања поради новиот бран на Ковид-19.

Од денеска повторно ќе почнат да работат музеите, галериите, кино салите, а на граѓаните им се препорачува носење заштитни маски на јавни простори, улици и на работните места, како и во верските објекти.

Рестораните и кафулињата продолжуваат да работат од петок, но на една маса ќе можат да седат само членови на исто семејство.

Во текот на Божик, од 18 декември до 6 јануари, ќе бидат дозволени собирања на три семејства во затворен простор, како и патувања надвор од областа и во странство.

Според најновите податоци, 2.053 лица починале досега од коронавирус во Ирска, во која живеат пет милиони жители. Дневниот број на смртни случаи, кој во април достигна максимум од 77, во изминатите неколку недели е под десет лица. (МИА)

Коронавирус