недела, 19. септември 2021. Вести денес: 3
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Ирска додаде 26 земји на листата за задолжителен карантин, Македонија меѓу нив

Ирска додаде 26 земји на листата за задолжителен карантин, Македонија меѓу нив

Владата на Ирска додаде 26 земји на листата држави за граѓани кои подлежат на хотелски карантин по доаѓањето во земјата, а меѓу нив е и Македонија.

Според пишувањата на ирскиот весник Индипендент, одлуката е донесена на предлог на главниот советник за здравство. Лица кои доѓаат од САД, Франција, Германија и Италија мора да одат во 12 дневен хотелски карантин.

Меѓу земјите додадени на листата се Србија, Албанија, Црна Гора, Македонија, Сан Марино, Израел, Порторико и други.

Во заедничкото соопштение на Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, на наредниот состанок на здравствени власти ќе се разгледува можноста за дополнување на листата и со други земји.

Ирска има најстроги мерки од земјите во ЕУ, а минатата недела е воведен задолжителен хотелски карантин за лицата кои доаѓаат од високоризични земји.

Коронавирус