сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Иранскиот претседател го спореди Трамп со Садам Хусеин

Иранскиот претседател го спореди Трамп со Садам Хусеин

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го спореди својот американски колега со починатиот ирачки диктатор Садам Хусеин, јави ДПА.

– Во поновата иранска историја, двапати моравме да се справиме со двајца лудаци … (Доналд) Трамп и Садам (Хусеин), рече Рохани. Тој дополни дека едниот го вовлекол Иран во војна (1980-88), другиот во економска војна.

– Садам беше погубен заради неговите злосторства … Судбината на Трамп нема да изгледа многу подобро, оцени Рохани. – На крајот, Иран беше победник и во двете војни, рече иранскиот претседател.

– Садам беше во можност да ги окупира југот и југо-западот на Иран, а Трамп не успеа да ги спроведе своите планови за промена на режимот, оцени Рохани.

Тој истакна дека поради осумгодишната војна меѓу Иран и Ирак, Иран морал да инвестира со години во реконструкција на своите погранични покраини, но дека санкциите што ги вовел Трамп биле уште полоши.

Според Техеран, во изминатите две години имало повеќе од 1.500 санкции. Тие го втурнаа Иран во најтешката економска криза во неговата историја.

Сепак, Рохани се надева дека наследникот на Трамп, Џо Бајден, и ќе се врати на нуклеарниот договор во Виена од кој Трамп еднострано се повлече во 2018 година и ќе ги укине санкциите кон Иран, пренесува ДПА.

Коронавирус