четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ирански пратеници запалија хартиено американско знаме во Парламентот

Ирански пратеници запалија хартиено американско знаме во Парламентот

Ирански пратеници денеска запалија хартиено американско знаме во Парламентот и извикуваа „Смрт на Америка“, откако претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа одлучи да се повлече од нуклеарниот договор за Иран.

Денешниот импровизиран протест во Парламентот, на кој беше изгорен и лист хартија кој го симболизира нуклеарниот договор, е показател за големото незадоволство на јавноста во Иран од одлуката на Трамп, коменитраат светските медиуми.

Претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани одлуката на американскиот претседател ја нарече „дипломатско шоу“ и изјави дека во сегашната ситуација Техеран не е должен да ги извршува своите обврски од договорот.

– Одлуката на Трамп е закана за мирот и безбедноста, рече Лариџани.

(Mиа)

Коронавирус