понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 17
home Вести

Иранци пиеле метанол против короната, повеќе од 700 лица починале и повеќе од 5000 се отруле

Иранци пиеле метанол против короната, повеќе од 700 лица починале и повеќе од 5000 се отруле

Лажното верување дека метанолот може да излечи од коронавирус уби повеќе од 700 Иранци, соопштија властите.

Хосеин Хасаниан, советник на министерот за здравство, рече дека ова е причината зошто податоците за бројот на починати во Иран се разликуваат. Жртвите од труење со метанол починале надвор од болниците.

„Околу 200 луѓе починаа надвор од болниците“, рече Хасаниан.

Бројот на смртни случаи предизвикани од труење со алкохол се зголеми за 10 пати во изминатата година во Иран, се наведува во соопштението на владата во извештајот објавен во април во моментите на пандемијата на коронавирус.

Помеѓу 20 февруари и 7 април, 728 Иранци умреле од труење со алкохол. Минатата година, од истата причина починале 66 лица.

Министерот за здравство Кијануш Јаханпур во телевизискиот пренос рече дека 525 луѓе починале од труење со метанол заклучно со 20 февруари. Тој додаде дека дури 5011 лица биле отруени со метанол во тој период.

Околу 90 од нив го изгубиле видот или претрпеле оштетување на видот од труење со алкохол. Хасаниан вели дека бројот на луѓе кои го изгубиле видот е веројатно многу поголем.

Иран е најголемото жариште на коронавирус на Блискиот Исток, со 5806 лица починати од почетокот на пандемијата, со над 91.000 потврдени случаи на заболени.

Консумацијата на алкохол е забранета во Иран, но метанолот може да се најде во други форми.

ЕУРО 2020

Македонија