четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 187
home Вести

Иран заплени брод при обид да шверцува гориво

Иран заплени брод при обид да шверцува гориво

Иранските власти запленија странски брод, што се обидел да шверцува гориво од земјата. Неговиот екипаж е приведен, информираше денеска државната новинска агенција ИРНА.

Иран, што ја има една од најевтините цени на гориво во светот, поради голем број субвенции и падот на вредноста на националната валута, се бори против шверцување гориво по копно во соседните земји, како и по морски пат кон земјите од Арапскиот Залив.

Бродот носел над 550.000 литри шверцувано гориво. Запленет е и испратен до пристаништето во јужната провинција Хормозган, каде им е предаден на истражните органи.

-Успеавме да го идентификуваме и да го задржиме бродот, што носеше шверцувано гориво, изјави шефот на провинциската гранична полиција, Хосеин Дехаки.

Изминатите месеци, иранските власти запленија неколку бродови поради шверцување гориво.  (МИА)

Коронавирус