недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 40
home Вести

Иран забрани употреба на странски социјални мрежи во училиштата

Според локалните медиуми, училиштата за комуникација може да користат само „домашни социјални мрежи“.
Иран забрани употреба на странски социјални мрежи во училиштата

Иранското Министерство за образование забрани употреба на странски социјални мрежи во училиштата.

Според локалните медиуми, училиштата за комуникација може да користат само „домашни социјални мрежи“.

Во Иран најпопуларна социјална мрежа е Телеграм. Лани таа апликација имала 40 милиони корисници од Исламската Република. Фејсбук и Твитер се блокирани во Иран, но може да им се пристапи преку Ви-Пи-Ен или „виртуелна приватна мрежа“.

(Миа)