сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Иран се заканува со блокада на испораката на нафта во Персискиот залив

Иран се заканува со блокада на испораката на нафта во Персискиот залив

Техеран ќе ја блокира испораката на нафта во Персискиот залив преку Ормускиот премин, доколку САД повторно ги воведат санкциите укинати пред склучувањето на нуклеарниот договор и воведат забрана за продажба на иранска нафта, изјави командирот на иранската револуционерна гарда Исмаил Коусари.

– Ако тие сакаат да го запрат иранскиот извоз на нафта, ние нема да дозволиме никаква нафта преку Ормускиот премин, рече Коусари.

Директорот на Одделот за политичко планирање на Стејт департментот на САД Брајан Хук претходно изјави дека целта на американските санкции е „вршење притисок врз иранскиот режим и анулирање на неговите приходи од продажбата на сирова нафта“.

МИА

Коронавирус