четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Иран прогласи општа мобилизација поради коронавирусот

Иран прогласи општа мобилизација поради коронавирусот

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска прогласи „општа мобилизација на нацијата и Владата“ поради соочување со третиот бран на коронавирусот, откако здравствените власти потврдија најголем број на дневни случаи во најтешко погодената земја на Блискиот Исток.

– Ги повикувам сите владини организации и други институции да им помогнат со сите сили на Министерството на здравство и на медицинските работници, истакна Рохани.

Владата вчера соопшти дека од 21 ноември во Техеран и околу стотина други градови низ земјата ќе бидат воведени построги ограничувања.

Во Иран во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 12.543 новозаразени случаи, со што вкупниот број во земјата од почетокот на пандемијата достигна 762.068 лица. Министерството за здравство потврди и 459 нови смртни случаи, вкупно 41.493 починати лица. (МИА)

Коронавирус