понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Иран нема да дозволи присуство на ИД на границата со Авганистан

Иран нема да дозволи присуство на ИД на границата со Авганистан

Иран нема да дозволи џихадистичката група Исламска држава да воспостави присуство на неговата граница со Авганистан, предупреди денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

– Нема да дозволиме терористички организации и ИД да се приближат до нашата граница и да нападнат други земји и регионот. Присуството на ИД во Авганистан е опасно не само за Авганистан, туку и за целиот регион, истакна Раиси по завршувањето на посетата на Таџикистан.

Талибанците ја презедоа контролата на авганистанскиот главен град Кабул на 15 август, користејќи вакуум предизвикан од повлекувањето на американските војници од земјата и колапсот на авганистанската армија.

Иран, кој има 900-километарска граница со Авганистан, не ги призна талибанците од периодот на нивното владеење од 1996 до 2001 година. Но, се чини дека Техеран неодамна го ублажи својот цврст став кон сунитските милиции во име на прагматизам. Исламската република нагласи дека талибанците треба да бидат „дел од идното решение“ во Авганистан.

Локални избори 2021