четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Вести

Иран не ја напушта ОПЕК

Иран не ја напушта ОПЕК

Иран нема планови да ја напушти Органзиацијата на држави извознички на нафта (Опек). Тоа го изјави иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Зангане. Во интервју тој вели дека жали што Опек е претворена во форум за политички притисок врз државите членки Иран и Венецуела.

– Иран не планира да го напушти Опек и жали што членовите ја претворија во политички форум за притисок врз двете држави основачи – Иран и Венецуела, нагалси тој во интервју за агенцијата Икана.

Тензиите меѓу Иран од една страна, и Саудиска Арабија и ОАЕ од друга, се засилија оваа година откако двете држави соопштија дека ќе зголемат производство за да покријат намалено присуство на иранска нафта на пазарот заради американските санкции.

– Две страни изразуваат непријателство кон нас во организацијата. Ние не сме нивни непријатели, но тие пројавуваат непријателство и ја користат нафтата како оружје против нас на глобалниот пазар и во светот, изјави тој без да прецизира за кои држави се однесува изјавата.