сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Иран најави одговор на нападот на Израел на база во Сирија

Иран најави одговор на нападот на Израел на база во Сирија

Висок ирански официјален претставник изјави дека Исламската Република Иран ќе одговори во „соодветно време и место“ на наводниот израелски ракетен напад, во кој беа убиени неколку Иранци во Сирија.

Таа изјава на Аладин Боруџерди, претседавач со иранскиот парламентарен одбор за национална безбедност, е прв директен одговор на нападот врз две бази на север во Сирија за кои се верува дека го извршил Израел.

Ирански медиуми јавија дека се убиени повеќе од 20 провладини борци, меѓу нив и Иранци.

– Агресијата на ционистичкиот ентитет против присуството на наши војници и советници во Сирија ни дава за право да одговориме на соодветно место и време, изјави Боруџери во главниот град на Сирија.

(Миа)

Коронавирус