среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Иран на кратко задржа танкер во Ормутски Теснец (ВИДЕО)

Иран на кратко задржа танкер во Ормутски Теснец (ВИДЕО)

Иранската воена морнарица вчера влезе во Ормутски Теснец и на кратко заплени танкер, што пловел под знаме на Либерија, соопшти Централната команда на американската армија.

Командата објави и црно-бела видео-снимка на која најверојатно ираснките специјални сили се спуштаат од хеликоптер на танкерот. По пет часа танкерот бил ослободен.

Екипажот на танкерот не упатил повик за помош пред и за време на упадот на иранските специјални сили.

Централната команда на американската армија наведе дека во акцијата бил вклучен хеликоптер Шикорски СХ-3 Си Кинг, кој го користи иранската воена морнарица.

Американската армија не даде објаснување за иранската кратка заплена на танкерот, а иранските медиуми и претставници не го коментираат инцидентот.

Како што пораснаа тензиите помеѓу Иран и САД минатата година, по американското еднострано повлекување од мултилатералниот нуклеарен договор од 2015 година, танкерите што пловеа во блискоисточните води станаа мета, посебно во близина на Ормутски Теснец, низ кој поминува 20 отсто од целата трговија со нафта во Персиски Залив. (МИА)

 

Коронавирус