сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 36
home Вести

Иран: Коронавирусот се прошири во речиси сите провинции

Иран: Коронавирусот се прошири во речиси сите провинции

Новиот коронавирус  се прошири речиси во сите ирански провинции, но државата ќе се избори со минимум мртви, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

На официјалната веб-страница на иранското претседателство објавено е дека Рохани на седница на Владата изјавил дека „таа болест е широко распространета“ и ги зафатила речиси сите провинции во Иран.

Иранското Министерство за здравство во вторникот објави дека досега 92 луѓе починале од новиот коронавирус, додека 2.922 се инфицирани.

Државната телевизија соопшти дека молитвите се откажани в петок во сите главни градови во провинциите.

Коронавирус