недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Иран избира претседател

Иран избира претседател

Иранците денеска ќе гласаат на претседателски избори за кои се очекува да биде екстремно слаб одѕив. Поранешниот ирански претседател Хасан Рохани ги повика своите сонародници да бидат активни и да гласаат.

Иранците ќе можат да го искористат своето право на глас на 67.000 избирачки места организирани на отворено, заради пандемијата на коронавирусот. Ќе се почитуваат правилата за социјално растојание и ќе се носат маски. Гласачите беа повикани да носат пенкала.

Најголеми шанси за победа имаат конзервативниот кандидат и шеф на судството, Ебрахим Раиси и претставникот на умереното движење во иранската политика и поранешен шеф на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, исто така ги повика Иранците масовно да гласаат, велејќи дека големиот одив ќе спречи странски притисок врз државата.

Социолошките истражувања покажуваат дека одѕивот најверојатно ќе биде околу 41 процент – значително помал отколку на последните избори. Ова се објаснува со незадоволството на многу Иранци од дисквалификацијата од трката на некои истакнати умерени кандидати, незадоволството од тешката економска состојба, лошото управување, корупцијата и репресијата против демонстрациите во 2019 година.

Овластувањата на иранскиот претседател се ограничени, последниот збор за сите државни прашања му припаѓа на врховниот лидер.

Коронавирус