вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Вести

Иран го предупреди Израел на „цврст и соодветен” одговор

Иран го предупреди Израел на „цврст и соодветен” одговор
Israeli Air Force F-15 planes fly during an aerial demonstration at a graduation ceremony for Israeli air force pilots at the Hatzerim air base in southern Israel, December 27, 2017. REUTERS/Amir Cohen - RC1EE8965250

Иран денеска го предупреди Израел на „цврст и соодветен“ одговор доколку продолжи да напаѓа цели во Сирија, каде Техеран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите трупи во речиси осумгодишниот конфликт против бунтовниците и екстремистите.

Во текот на средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем, секретарот на Националниот совет за безбедност на Иран, Али Шамани изјави дека израелските напади го повредуваат територијалниот интегритет на Сирија и оти се „неприфатливи“.

– Ако продолжат овие акции, ќе активираме некои испланирани мерки како средство за одвраќање и како цврст и адекватен одговор да им одржиме лекција на криминалците и лажните владетели на Израел, изјави Шамхани.