Високиот советник на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати, денеска го отфрли предлогот на САД за средба на двете раководства.
– Сонот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и (државниот секретар Мајк) Помпео никогаш нема да се реализира, изјави Велајати.
САД ја отворија можноста за средба со иранските лидери на која би се дискутирало за конфликтот меѓу двете држави.
Односите меѓу Вашингтон и Техеран се особено затегнати по нападот за време парада на иранскиот Корпус на револуционернате гарда во саботата, за што Иран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Бликсиот Исток. (МИА)