вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ирак уапси уште еден водач на ИД

Ирак уапси уште еден водач на ИД

Ирачките безбедносни сили спречија серија терористички напади во земјата и уапсија еден од водачите на терористичката група Исламска држава во Багдад, објави телевизијата Ал-Сумарија, повикувајќи се на изјава на прес-службата на Ирачката агенција за безбедност.

Безбедносните сили на Багдад направиле заседа и привеле еден од водачите на Даеш во Ирак, кој подготвувал терористички напади на денот кога се слави Арбаин (годишна меморијална поворка на шиитите на четириесеттиот ден од верската церемонија Ашура).

Кон крајот на 2017 година, Багдад прогласи победа над Исламската држава, иако ирачката армија, со поддршка на меѓународната коалиција и полицијата, продолжува со операциите за идентификување на „заспаните“ групи во одредени делови на земјата.

Коронавирус