понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 12
home Вести

Ирак негира дека му дозволил на Иран да распореди балистички проектили

Ирак негира дека му дозволил на Иран да распореди балистички проектили
epa05556665 Iranian women look at missiles and tanks exhibited on the 36th anniversary of the Iran-Iraq war, in Baharestan square in Teheran, Iran, 26 September 2016. Iran is marking the 36th anniversary of war with Iraq that raged between 1980 and 1988. EPA/STRINGER

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го демантираше тврдењето на новинската агенција Ројтерс дека Ирак му дозволил на Иран да распореди балистички проектили со краток дострел во територии населени со ирачки шиити.

– Ирак нема обврска да одговара на медиумски извештаи кои се без никакви докази и со непоткрепени тврдења. Сите институции во Ирак го почитуваат членот 7 од Уставот кој забранува употреба на ирачката територија за операции кои претставуваат закана за други држави, соопшти ирачкото Министерство.

Владата на Ирак, во која доминантна улога имаат шиитските партии, негува блиски односи со соседен Иран, од каде доби значителна поддршка за справување со сунитската Исламска Држава. Според тврдењето на Ројтерс, Иран распоредил десетина балистички проектили во Ирак, при што овие ракети, доколку бидат распоредени во јужните или западните делови на земјата, би можеле да ги погодат Ријад или Ерусалим. Иран војува со сунитските држави во регионот, пред се со Саудиска Арабија, на повеќе фронтови, вклучително во Сирија и Јемен. Проектили им биле доставени на групи блиски до Иран, а тие наводно добиле инструкции како и самите да изработат балистички проектили.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази длабока загриженост поради наводното распоредување на овие проектили. Тој ги повика ирачките водачи да ја сменат сегашната Влада бргу по изборите закажани за 12 мај.

Коронавирус