вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

ИОМ: Во Шпанија пристигнале 45.145 мигранти преку Медитеранот

ИОМ: Во Шпанија пристигнале 45.145 мигранти преку Медитеранот

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека Шпанија годинава примила повеќе мигранти преку Средоземно Море отколку во претходните три години заедно.

– До 21 октомври преку Средоземно Море во Шпанија влегле 45.145 мажи, жени и деца. Тоа е речиси половина од над 94.000 мигранти кои влегле во Европа по морски пат од Северна Африка, се посочува во соопштението на ИОМ.

Средоземно море и понатаму е опасна рута за мигрантите кои се обидуваат илегално да влезат во Европа. Од почетокот на годината  1.857 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да стигнат до Европа.

Коронавирус