петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

ИОМ: Шест мигранти ги загубија животите во близина на брегот на Либија, 93 спасени

ИОМ: Шест мигранти ги загубија животите во близина на брегот на Либија, 93 спасени

Шест мигранти се удавија во близина на либискиот брег, додека група од 93 мигранти се спасени, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Преживеаните мигранти се пренесени во пристаниште на околу 120 километри западно од Триполи.

„Меѓу нив е и жена која се породи во чамец“, соопшти канцеларијата на ИОМ во Либија, додавајќи дека според сведочењето на мигрантите, настрадале шест лица.

Хуманитарните организации често го критикуваат фактот дека мигрантите се испраќаат во Либија, каде камповите се полни. Хуманитарните бродови честопати ги пресретнуваат либиската крајбрежна стража, која ги носи спасените мигранти во либиското копно.

Коронавирус