понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 127
home Вести

Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид разликите помеѓу мажите и жените за нус појавите од вакцините

Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид разликите помеѓу мажите и жените за нус појавите од вакцините

Според белгиската платформа за истражувачко новинарство, Инвестико, петте најголеми фармацевтски компании кои произведуваат вакцини не ги земаат предвид разликите помеѓу мажите и жените во нивните студии за нус појавите по вакцинирањето.

Според белгиските новинари секаде во светот жените пријавуваат почесто и повеќе несакани ефекти од вакцините отколку мажите. Од 156 илјади пријавени нус појави во центарот Лареб во Холандија, 86,6 отсто им се случиле на жени. Едно од објаснувањата е дека жените се позастапени меѓу здравствените работници, а тие се во приоритетните групи за вакцинација. Анализирани се Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Спутник В и Јансен и сите објавени научни трудови за нив. Новинарите пишуваат дека ниедна од овие студии не го зема родот в предвид.

Според Инвестико на почетокот на дваесеттиот век жените добивале многу посилна доза од вакцината против грип одошто им е потребна, што предизвикувало почести несакани ефекти.

Мрежата потсетува дека самата Светска здравствена организација препорачала да се земаат родовите физиолошки разлики в предвид во идните истражувања.

Коронавирус