сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Интерпол има околу 50.000 досиеја на терористи

Интерпол има околу 50.000 досиеја на терористи

Базата на податоци на Интерпол содржи околу 50.000 досиеја со податоци за терористите во светот, изјави денеска шефот на руското централно национално биро Интерпол, Александар Прокопчук.

Во интервју за агенцијата ТАСС, Прокопчук рече дека Интерпол спроведува неколку проекти за борба против тероризмот.

– Благодарение на нашето учество во нив, добивме податоци за илјадници странски терористи кои се приклучија на меѓународните терористички организации ширум светот. Во исто време, кога станува збор за специфични терористи, главниот дел од работата се одвива во билатерален формат, рече Прокопчук.

Тој додаде дека Русија добила голем број информации од своите партнери од земјите на Заедницата на независни држави.

– Активно соработуваме и со полициските власти на Сирија, Турција, Ирак, Иран и земјите членки на ЕУ. Минатата година, на пример, како резултат на таквата работа, пет члена на терористички организации беа екстрадирани во Русија и ставени на меѓународна потерница, рече Прокопчук.

Коронавирус