четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Интернетот и мобилните телефони во прекин за време на протестите во Русија

Интернетот и мобилните телефони во прекин за време на протестите во Русија

Услугите на мобилните оператори и интернетот во Русија денеска биле во прекин, јави веб-страницата dovndetector.ru во моментот кога полицијата ги сузбиваше забранетите демонстрации со кои се бара ослободување од затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Некои светски агенции јавија дека над 200 демонстранти биле приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 лица биле приведени за време на денешните протести во повеќе градови, вклучувајќи ги Владивосток и Хабаровск.

Организаторите на демонстрациите во Владивосток изјавија дека таму на протестот излегле околу 3.000 луѓе, а според проценките, ќе има уште повеќе учесници на попладневниот собир што ќе се одржи во Москва.

Пораките на приврзаниците на Навални, кои повикуваат на протести во неколку десетици градови низ Русија, деновиве ги преплавија социјалните мрежи. Полицијата затоа наводно се вмешала во мобилните услуги со цел да им се отежне комуникацијата на демонстрантите и да се спречи споделување видеа на интернет.

Навални, кој е најистакнат политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде помина пет месеци закрепнувајќи од, како што се сомнева, труење со нервни агенси, за што го обвинува Кремљ.

Властите велат дека со престојот во Германија, тој ја прекршил условната казна според кривичната пресуда, во случај за кој Навални вели дека е незаконски, па на почетокот на февруари, судот ќе одлучи дали ќе издржи казна од 3,5 години.

Коронавирус