понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 15
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Интернет огорчен поради името кое мајка му го дала на новороденчето во време на пандемијата

Интернет огорчен поради името кое мајка му го дала на новороденчето во време на пандемијата

Изборот на името за дете може да биде стресно. Некои родители инспирацијата ја пронаоѓаат во популарната култура, некои името го даваат по некоја личност во семејството, а некое името го смислуваат со помош на тековните настани во светот.

Откако близнаците родени среде пандемијата ги добија имињата Ковид и Корона, иста идеја добила уште една мајка која на новороденчето му го дала името Ковид Брајант. Мајката инспирација ја нашла во пандемијата на коронавирус и смртта на славниот кошаркар Коби Брајант.

Веста се проширила на Интернет откако една жена по име Нина Кајоса ја објавила на својот профил на Твитер.

„Видов порака на која пишува дека една од ќерките на слугинката неодамна се породила. Никогаш нема да погодите кое име му го дала на новороденчето… Ковид Брајант”, напишала таа, а објавата почнале истиот момент да ја споделуваат илјадници луѓе.

Голем број на корисници на Интернет исто така коментирале под објавата, од кои некои сметаат дека ова име е неприфатливо.

„Ова дете ќе биде исмејувано. Ќе му го дадат прекарот Ви, кратенка на вирус“, „Ова е тотално 2020 година“, „Родителите треба да одат на консултации пред да донесуваат вакви одлуки. Да му дадете на вашето дете име според вирус, дали е тоа за сериозно?“, напишале тие.

Коронавирус