вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Институтот „Роберт Кох” предупредува: Смртноста во Германија ќе расте

Институтот „Роберт Кох” предупредува: Смртноста во Германија ќе расте

Експерти од Институтот за епидемиологија „Роберт Кох” денеска објавија предвидувања според кои смртноста на заразените лица со коронавирус во Германија ќе расте.

– Веќе имаме случаи кога епидемијата зафатила домови за стари лица и домови за нега. И затоа, за жал, мора да сметаме дека со тоа бројот на починати ќе се зголеми, изјави Лотар Вилер, директор на Институтот „Роберт Кох”, на чии проценки се потпира германската Влада.

Тој рече дека во моментов во Германија има 61.913 случаи на зараза со коронавирусот, што е за 4.600 повеќе од вчера. Бројот на починати се зголеми на 583 лица, што е за 128 повеќе од вчера.

Просечната возраст на починатите од коронавирусот во Германија е 80 години. Најмладиот пациент имал 28 години, но имал хронични заболувања и пред да се зарази, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох”.

Вилер рече дека околу Велигден ќе биде можно да се дадат поточни проценки за тоа колку ќе трае епидемијата во Германија.

– Може да трае со недели и месеци, рече Вилер, повикувајќи ги властите да не ги укинуваат мерките против ширење на заразата.

Коронавирус