среда, 30. септември 2020. Вести денес: 9
home Вести

Индонезија: Да се избегнува крајбрежјето, можна појава на високи бранови

Индонезија: Да се избегнува крајбрежјето, можна појава на високи бранови

Индонезиските власти ги повикаа граѓаните во близина на вулканскиот остров Кракатау да го избегнуваат крајбрежјето во подрачјата во кои при удар на цунами брановите минатиот викенд загинаа повеќе од 420 лица.

Индонезиската Агенција за метеорологија, геофизика и климатологија побарала синоќа од луѓето да бидат оддалечени најмалку 500 метри до еден километар од брегот на Суданскиот теснец, кој ги раздвојува островите Суматра и Јава.

Директорката на Агенцијата изјави дека се следат ерупциите на вулканот Анак Кракатау и предупреди дека денеска е можна појава на високи бранови и поројни дождови.

– Сите тие услови би можеле да предизвикаат лизгање на земјиштето од кратерот на вулканот кон морето, поради што се стравува од цунами, истакна таа на прес-конференција, барајќи од припадниците на локалната заедница да бидат внимателни, но да не тревожат.

Најновиот биланс на жртвите од ударот на цунами минатата сабота изнесува 429 лица, а 128 се водат како исчезнати. Повеќе од 1.400 луѓе се повредени, а неколку илјади останале без своите домови.

MIA

Коронавирус