понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Вести

Индискиот премиер Моди ја посети областа на индиско-кинеските судири

Индискиот премиер Моди ја посети областа на индиско-кинеските судири

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го обиколи хималајскиот регион Ладах, неколку недели откако индиските и кинеските трупи долж тамошната спорна граница таму, што доведе до криза во врските меѓу соседите.

Моди, кој допатува во ненајавена посета на пограничниот регион, имаше средба и со војниците во базата Ниму. На снимките на телевизиските канали се гледа како е пречекан од војниците кои извикуваа „Победа за мајка Индија“ на хинди.

– Границите на земјата отсекогаш биле безбедни поради индиската армија. Посетата на премиерот Нарендра Моди на Ладах, дефинитивно го засили моралот на Армијата , оцени преку Твитер министерот за одбрана Рајнат Синг.

Посетатата на Моди се случува во период на тензични индиско-кинески односи, откако на 15 јуни во судирите на Хималаите, на границата меѓу Индија и Кина беа убиени 20 индиски војници. (МИА)

Коронавирус