вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 20
home Вести

Индискиот премиер го покани папата Франциск да ја посети Индија

Индискиот премиер го покани папата Франциск да ја посети Индија

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска се сретна со папата Франциск и го покани да ја посети Индија.

Како што пренесуваат странските агенции, ова е пресврт во односите меѓу Њу Делхи и Ватикан, откако преговорите за патувањето на католичкиот поглавар во земја населена претежно со хиндуисти во 2017 година не беа реализирани.

„Имав многу срдечна средба со папата Франциск и можност да разговарам со него за широк спектар на прашања, а исто така го поканив да ја посети Индија“, напиша Моди на Твитер.

Индискиот премиер е во Рим, каде денеска и утре ќе се сретне со лидерите на Групата 20 најиндустриски развиени земји во светот (Г20).

Коронавирус