петок, 14. мај 2021. Вести денес: 12
home Вести

Индиски варијанти коронавирус идентификувани во Израел, вакцината на Фајзер делумно ефикасна против нив

Индиски варијанти коронавирус идентификувани во Израел, вакцината на Фајзер делумно ефикасна против нив

Израел регистрира осум случаи на варијанти на коронавирус кои првпат се идентификувани во Индија и се верува дека вакцината на „Фајзер/Бионтек делумно штити од нив, изјави денеска израелски здравствен службеник.

-Првите седум случаи на индиска варијанта на коронавирус беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓе кои пристигнале од надвор и кои оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање“, соопшти Министерството за здравство.

– Впечаток е дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против варијантите, иако со намалена ефикасност, рече Кан Хези Леви од Министерството за здравство, додавајќи дека бројот на нови варијанти вируси во Израел се зголеми на осум.
Велика Британија и Ирска исто така објавија дека ја истражуваат индиската варијанта откако ја откриле во нивната земја.

Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинира 81 процент од граѓаните постари од 16 години. Инфекцијата со Ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.

Коронавирус