понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Индиската војска уби пет бунтовници

Индиската војска уби пет бунтовници

Индиската војска уби пет бунтовници во Кашмир, поради што се организирани протести.

Судирот се случил во текот на ноќта во околината на селото Казигунд во Кашмир, откако полицијата добила дојава дека таму се кријат екстремисти.

Индиската полиција наведе дека убиените бунтовници биле припадници на бунтовничката група „Хизбул муџахедин“.

На протестите кои настанаа по убиството на петмината бунтовници, дошло до судири бидејќи демонстрантите се обиделе да стигнат до местото каде се случило убиството.

Индиската полиција користела солзавец против демонстрантите кои ги мавале со камења.

Локалните медиуми наведуваат дека најмалку шест лица се повредени за време на протестите.

Коронавирус