среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 156
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

„Индипендент“: СЗО свикува итна средба заради мајмунските сипаници

„Индипендент“: СЗО свикува итна средба заради мајмунските сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) за денеска свика итна средба на своите врни експерти заради зголемувањето на бројот на заболени од мајмуни сипаници, пренесува британскиот весник „Индипендент“.

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, изјави дека Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска потврдила уште 11 случаи на мајмунски сипаници во земјата, а повеќето од пациентите имаат благи симптоми, пишува британскиот весник.

Во Велика Британија се регистрирани вкупно 20 случаи.

-УКХСА потврди 11 нови случаи на мајмунски сипаници во Обединетото кралство. Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за сето тоа што го знаеме досега, рече Џавид, додавајќи дека британските здравствени власти набавиле дополнителни дози вакцини што се ефикасни против оваа болест, пренесе „Индипендент“.

СЗО денеска ќе свика состанок на водечките експерти за да разговара за актуелната епидемија, наведува „Индепендент“, повикувајќи се на пишувањето на лондонски Телеграф.

Се верува дека главни теми на разговор ќе бидат начинот на ширење на вирусот, невообичаено високата стапка на инфекција кај геј и бисексуалните мажи и ситуацијата со вакцинацијата, пишува британскиот весник.

Коронавирус