понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 86
home Вести

Индија во „тотален“ карантин за коронавирусот

Индија во „тотален“ карантин за коронавирусот

Индија воведе целосно национално затворање во обид да го забави ширењето на коронавирусот, придружувајќи се на растечкиот список на земји што презедоа сличен потег.

„Ќе има тотална забрана за излегување од вашите домови“, рече премиерот Нарендра Моди во вчерашното телевизиското обраќање, додавајќи дека ограничувањата ќе важат од полноќ по локално време и ќе траат21 ден.

Индија, која има население од 1,3 милијарди, досега објави 519 потврдени случаи на коронавирус и 10 починати.

Во светот пак, повеќе од 407,000 луѓе имаат позитивен тест за коронавирусот, вклучувајќи и повеќе од 18.200 смртни случаи, соопшти базата на податоци што ја одржува универзитетот Џон Хопкинс.

Коронавирус