четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 161
home Вести

Индија тестираше интерконтинентална балистичка ракета Агни-5

Индија тестираше интерконтинентална балистичка ракета Агни-5

Индија тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да носи нуклеарно оружје со дострел од 5.000 километри.

Ракетата беше тестирана од остров во близина на источниот брег, во услови на растечки тензии на границата со Кина.

„Успешното лансирање во средата е во согласност со политиката на Индија да има средства за минимално и убедливо одвраќање што треба да биде поддршка на посветеноста никогаш да не ги употреби прва“, соопшти Владата.

Како што се наведува, ракетата Агни-5 паднала во Бенгалскиот залив со многу висока прецизност.

Моќниот ракетен арсенал на Пекинг го принуди Њу Делхи да ги подобри своите системи вооружени во последните години, а се верува дека Агни-5 може да погоди цел во речиси цела Кина.

Индија ги развива своите нуклеарни и ракетни системи со среден и долг дострел од 1990-тите, во услови на растечка стратешка конкуренција со Кина во обид да ги зајакне одбранбените способности на земјата.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија, со распоредувањето трупи на двете страни, по конфликтот во јуни 2020 година, кога 20 индиски војници беа убиени во долината Галван во Ладах, а Кина, исто така, претрпе неодреден број жртви во конфликтот.

Последните преговори меѓу индискиот и кинескиот воен врв за решавање на ситуацијата на линијата на спорната граница на Хималаите беа прекинати на 11 октомври, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на договорот.

Коронавирус