недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Индија секојдневно урива црни рекорди: Над 400 илјади нови заразени и 4 илјади починати во еден ден

Индија секојдневно урива црни рекорди: Над 400 илјади нови заразени и 4 илјади починати во еден ден

Вкупниот број на заразени лица во Индија надмина 21 милион, а вирусот однесе повеќе од 230 000 животи, според податоците од тамошното Министерство за здравство
Индија забележа повеќе од 412 000 нови случаи на заразени со коронавирус, додека 3 980 лица починаа како последица од ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на заразени лица во Индија надмина 21 милиони, а вирусот однесе повеќе од 230 000 животи, според податоците од тамошното Министерство за здравство.

Светската здравствена организација објави дека минатата недела, од сите нови случаи на заразени со коронавирус во светот, речиси половина биле регистрирани во Индија, како и една четвртина од смртните случаи од ковид-19.

Здравствените експерти тврдат дека бројот на заразени и починати може да биде пет до 10 пати поголем од официјалните податоци, објави Ројтерс.

Од 1,3 милијарда жители во Индија, скоро 70 проценти живеат во рурални области, каде што можноста за обезбедување здравствена заштита се соочува со големи предизвици.

Изминатите недели светот го обиколија фотографии и видеа од индиските болници, каде што има недостиг на боци со кислород, капацитетите се целосно исполнети, а има недостиг на медицински персонал.

Ова е причина и за зголемен број починати кои во согласност со традицијата се кремираат. Поради ограничениот капацитет на креаториумите, се прават импровизирани на паркинзи и во паркови.

ЕУРО 2020

Македонија