понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 87
home Вести

ИНДИЈА РУШИ ЦРНИ СВЕТСКИ РЕКОРДИ: За еден ден починале повеќе луѓе од кога било досега

ИНДИЈА РУШИ ЦРНИ СВЕТСКИ РЕКОРДИ: За еден ден починале повеќе луѓе од кога било досега

Денеска Индија пријавила најголем дневен број на починати од Ковид-19 во светот – 6.148 лица, откатко источната индиска држава Бихар ги ревидирала своите податоци за бројот на смртни исходи дома или во приватните болници.

Одделот за здравствени услуги во Бихар, една од најсиромашните индиски држави, ги ревидираше податоците за бројот на смртни случаи од ковида-19, на повеќе од 9.400 од околу 5.400, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека на 12 февруари Соединетите држави регистрирале 5444 смртни случаи од ковида-19.

Од почетокот на пандемијата, вкупно 29,2 милиони луѓе се заразени во Индија, а во последните 24 часа, бројот на новоинфицирани е зголемен за 94.052.

Вкупниот број на смртни случаи, од почетокот на пандемијата, достигна бројка од 359.676, според податоците на индиското Министерство за здравство.

ЕУРО 2020

Македонија