недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Индија ја подигна војската на борбена готовност

Индија ја подигна војската на борбена готовност

Индиската војска е подигната во состојба на зголемена борбена готовност, откако парламентот поднесе закон со кој се укинува специјалниот статус на државите Џам и Кашмир, соопшти новинската агенција „Ани“ на Твитер.

Властите веќе почнаа да пренесуваат дополнителен контингент од 8000 војници во Џам и Кашмир. Како што пренесува телевизијата НДТВ, од утрото воено-транспортни авиони пренесуваат војници на аеродромот во престолнината на регионот на Сринагар.

Како што наведува телевизијата, овие војници ќе го зајакнат контингентот од 35.000 војници, кои се наоѓаат во Џам и Кашмир. Според информациите, целата војска е подигната во готовност.

Индиската полиција ноќеска уапсила влијателни лидери на регионалните партии, меѓу кои се и поранешниот главен министер на оваа држава, Мехуба Муфти, како и лидерот на опозицијата во регионалниот парламент, Омар Абдулах.