сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Вести

Индија и Пакистан пред војна: Соборени два индиски авиони, Пакистан го затвори воздушниот простор (ВИДЕО)

Индија и Пакистан пред војна: Соборени два индиски авиони, Пакистан го затвори воздушниот простор (ВИДЕО)

Поранешниот амбасадор на Индија во САД изјави дека се повлечени нови црвени линии во односите со Пакистан.

Оваа констатација на екс-амбасадорот доаѓа неколку часа откако Пакистан соопшти дека соборил два индиски авиони кои ги прекршиле границите кај проблематичниот регион Кашмир и ги заробил двата пилоти.

Пензионираниот дипломат Лалит Мансинг најави дека политиката на Индија за стратегиско воздржување “веќе не важи”

Мансинг вели дека е воспоставена нова стратегија со индијските напади од вторникот кои според власта таргетирале терористичка инфраструктура во соседната земја.

Нападите се најдлабоко во пакистанска територија откако соседните земји последен пат војуваа за Кашмир во 1971 година, пишува Франс Прес.

Премиерот на Индија Нареднра Моди по нападите рече дека се омаж за „храбрите индиски срца“ – очиглдна референца за 40-те индијски војници убиени на 14-ти февруари во напад на бомбаш самоубиец во индијскиот дел на Кашмир.

Во меѓувреме по овие инциденти пакистанското воздухопловство го затвори своето небо за сите комерцијални летови над нивната територија.

Кашмир е значаен регион за двете држави бидејќи се смета дека оној кој го контролира регионот ја контролира реката Инд, како огромен извор на вода, риба, наводнување и енергија. Регионот е исто така и од религиозно значење за двете држави и е богат со многу природни ресурси.