понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Индија го премина Бразил, стана втора земја во светот по бројот на заболени од коронавирус

Индија го премина Бразил, стана втора земја во светот по бројот на заболени од коронавирус

Индија го премина Бразил по бројот на потврдени случаи на коронавирус и сега по САД е втора земја во светот по бројот на позитивни на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа во Индија е регистриран рекорден број на новозаболени откако се потврдени 168.912 случаи на Ковид-19.

Од почеток на пандемијата во Индија се потврдени вкупно 13,53 милиони случаи. Починати се вкупно 170.179 лица, а во последното деноноќие бројот на починати е 904.

Индија по бројот на смртни случаи од коронавирус е четврта во светот, по САД, Бразил и Мексико.

Коронавирус