понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 184
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Индија го мина Бразил по бројот на заразени со Ковид-19

Индија го мина Бразил по бројот на заразени со Ковид-19

Во текот на последното деноноќие Индија го мина Бразил по бројот на заразени со коронавирус и сега е на второто место во светот како најсилно зафатена земја од пандемијата, по САД, јавија светските агенции.

До овој момент во Индија се регистрирани 4.200.000 инфицирани лица, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство, во споредба со 4.120.000 во Бразил и 6.250.000 во САД.

Во Индија веќе има 71. 642 умрени лица од Ковид-19, што е помалку од починатите во Бразил и САД.

Многу експерти забележуваат дека Индија не тестира доволно луѓе и дека реалните бројки можеби се многу повисоки.

Коронавирус