четврток, 5. август 2021. Вести денес: 168
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Индија бележи нов дневен рекорд на бројот на заболени со коронавирус

Индија бележи нов дневен рекорд на бројот на заболени со коронавирус

Индија вчера објави најголем дневен пораст на бројот на случаи со коронавирус, вкупно 11.458 нови инфекции, со што вкупниот број заразени достигнува повеќе од 300.000, соопшти Федералното Министерство за здравство.

Индија е четврта најпогодена земја во светот, со постојан пораст на бројот на случаи и покрај карантинот воведен низ целата земја кон крајот на март, што сега е ублажен.

Бројот на потврдени случаи на инфекција во најпогодената федерална држава на запад, Махараштра, надмина 100.000, покажуваат податоците.

Главниот град Њу Делхи, каде што здравствениот систем е преоптоварен, забележа дополнителни 2.000 нови случаи на зараза.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени, стапката на закрепнување на пациентите се подобрува, при што повеќе од 147.000 луѓе се излечиле од ковид-19, соопшти во федералната влада.

Индија има 145.779 активни случаи и регистрирани се 8884 смртни случаи.

Коронавирус