недела, 9. мај 2021. Вести денес: 134
home Вести

Инцидент во Москва: Најмалку еден загинат, тројца повредени и неколку заложници!

Инцидент во Москва: Најмалку еден загинат, тројца повредени и неколку заложници!

Најмалку едно лице загина во напад со огнено оружје во југоисточниот дел на Москва, а напаѓачот наводно зел и заложници, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Локалните медиуми известуваат дека во инцидентот се повредени најмалку три лица, а напаѓачот зел неколку лица за заложници. Безбедносните сили поставија кордон околу местото на инцидентот.

– До конфликтот дојде поради имотен спор, при што едно лице пукаше во друго. Жртвата почина. Полицијата спроведува мерки за да го приведе одомничениот, соопшти руското МВР.

Преговорите за имотот ги воделе двајца ривалски бизнисмени околу една фабрика за кондиторски производи. Напаѓачот бил претходен сопственик, а жртвата сегашен.

Коронавирус