вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Именувана нова министерка за внатрешни работи на Словачка

Именувана нова министерка за внатрешни работи на Словачка

Словачкиот премиер Петер Пелегрини денеска ја номинира сегашната заменичка Дениса Сакова за нова министерка за внатрешни работи, соопшти портпаролот на претседателот на Словачка.

Функцијата е во центарот на вниманието на јавноста поради убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова, кое предизвика пад на словачката влада.

Сакова долго време соработуваше со претходниот министер Роберт Калинак, кого го замени Томас Друкер, но тој поднесе оставка минатата седмица.

Новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова беа убиени на 21 февруари.

Словачките власти соопштија дека околностите на убиството укажуваат дека било нарачано и оти најверојатно има врска со работата на Куцијак.

Убиството на новинарот предизвика политичка криза во земјата која резултираше со протести, пад на владата и смена на шефот на националната полиција.

МИА

Коронавирус