петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

„Имам абнормално чувство, слушам чудни звуци“- пријава на вработен во Конзулат на САД

„Имам абнормално чувство, слушам чудни звуци“- пријава на вработен во Конзулат на САД

Член на персоналот на Конзулатот на САД во јужниот кинески град Гуангжу пријавил необични симптоми, наведувајќи дека слуша чудни звуци и чувствува невообичаен притисок, соопшти денеска Стејт департментот.

Случајот потсетува на претходните слчино искуства на американски дипломати во Куба.

Во известувањето упатено по електронска пошта до американските државјани во Кина, Стејт департментот наведува дека, за сега, не знае што ги предизвикало симптомите.

– Лицето вработено во американскиот Конзулат во Кина неодамна пријавило неодредено, но абнормално чувство, звуци и притисок. Владата на САД оваа пријава сериозно ја сфати и за тоа ги информираше своите официјални лица во Кина, се наведува во известувањето.

Стејт департмент напоменува дека не е информиран дали во другите делови на Кина постојат слични ситуации, ниту во дипломатската заедница, ниту меѓу други државјани на САД.

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео ќе се сретне денеска во Вашингтон со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Се очекува во фокусот на нивните разговори да биде планираниот Самит САД-Северна Кореја, но, Помпео најверојатно ќе ја искаже и американската загриженост поради инцидентот во Гунагжу.

На Куба членови на американскиот дипломатски персонал и нивните семејства пријавија низа необични симптоми, често во форма на чудни звуци, а повеќето случаи беа пријавени во мај 2017 година.

Се уште необјаснетиот инцидент доведе до влошување на односите меѓу САД и Куба, а беше пропратени со теории, кои вклучуваа звучен напад, електромагнетно оружје или неисправни шпионски уреди. 

Коронавирус