вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Имала кошмар, па го голтнала свршувачкиот прстен и завршила во болница

Имала кошмар, па го голтнала свршувачкиот прстен и завршила во болница

Идната невеста случајно го проголтала својот свршенички прстен за да го заштити додека сонувала ужасен кошмар.

Џена Еванс од Сан Диего сонувала дека некој ја брка и сакал да ѝ го земе венчалниот прстен, па за да го спаси, таа го проголтала. Но, не само во сон.

Кога се разбудила, сфатила што направила, па набрзина била примена во болницата, каде што лекарите морале да извршат ендоскопија за да го вратат прстенот, кој ѝ бил во стомакот.

„Го проголтав венчалниот прстен во сон. Најлошо од сè е што се сеќавам дека го направив тоа, но мислев дека сонувам, па продолжив да спијам. Во средата наутро само што видов дека прстенот не е на мојата рака и се разбудив до свршеникот и му кажав што се случило. Мислам дека не ми веруваше веднаш. Се смеевме еден и пол час, а потоа ‘гуглавме’ што се случува кога некој ќе проголта прстен и отидовме во болница“, раскажала идната невеста во објава на „Фејсбук“.

Иако зафатот бил рутински, сепак, постоел ризик, така што Џена морала да потпише согласност во случај на смрт.

За среќа, сè поминало во најдобар ред и прстенот ѝ е повторно на раката, а и свадбата е набргу.