петок, 18. септември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Има ли крај? „Белите дробови на планетата“ повторно зафатени со пожари

Има ли крај? „Белите дробови на планетата“ повторно зафатени со пожари

Една година по катастрофалните пожари во Амазонија, „белите дробови на планетата“ од крајот на август повторно се зафатени од огнови, а пожарите годинава се закануваат да бидат полоши од оние што се случија минатата година.

Бразилските медиуми јавуваат дека пожарите во бразилскиот дел од амазонската прашума во август се пониски за пет проценти, повикувајќи се на моменталните податоци од интернет страницата на Националниот институт за вселенско истражување (INPE).

Алберто Сикер, научник од институтот, меѓутоа, тврди дека известувањето за конечните податоци на ИНПЕ било одложено по грешка, јавија британските меидуми.

Сикер кажа дека, кога податоците ќе се ажурираат, најверојатно ќе покажат дека пожарите се зголемени за еден до два проценти во споредба со пожарите од минатата година, што би значело дека ова се најлошите пожари од август 2010 година.

Бразилските власти одбија да ја коментираат моменталната состојба во Амазон. (МИА)

Коронавирус